Вицепремиерот за економски прашања не очекува големи осцилации и зголемување на цените на прехранбените производи, по нивното одмрзнување што треба да стапи во сила задутре. Сепак Битиќи најавува дека Владата ќе ја следи состојбата за да реагира ако евентуално се случи тоа. В четврток се одмрзнуваат цените на зеленчукот и овошјето, на белиот и полубелиот леб, маслото за јадење, јајцата, тестенините, млекото и на млечните производи.
Не се очекуваат поголеми осцилации и поскапувања од први јуни, сите улови се исполнети за одмрзнување на цените на производите – велат од Владата. Според вицепремиерот Битиќи, ако има потреба соодветно ќе се реагира, ќе се следи состојбата и кај трговците и кај производителите да се задржат или намалат сегашните цени.
На прашањето, дали од први јули со враќање на стапката на ДДВ на 18 проценти ќе плаќаме поскапа струја, Битиќи топката ја префрла кај пресметките на Регулаторната комисија, со став дека граѓаните мора да се заштитат од ценовни скокови. Се зголемува производството од обновливи извори на енергија, има капацитет да се преземат во системот на ЕВН согласно со договорите, сегашниот капацитет е доволен да ја прими електричната енергија, но треба да бидеме подготвени за после три години, вели вицепремиерот Битиќи.
Директорот на МЕПСО за МРТ пак, со друг став – Рашиди пак, вели познато е дека нашата мрежа во моментов нема доволно капацитети да ги прими сите барања на обновливите извори на енергија.
„Ние напорно работиме за изградба, реконструкција и ревитализација на нашиот преносен систем, било да се работи за далноводи, било за трафостаници“, изјави Сурија Рашиди.
Од Европската енергетска заедница порачуваат реформи за поголема енергетска ефикасност во земјава.