Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за претстојниот првомајски викенд, информираа од Општината.
И во приватното и во хотелското сместување нема слободни места, а дојранци очекуваат рекордна посета за викендот.
-Ако се суди по интересот за Дојран за првомајскиот викенд, тогаш можеме да сметаме и на добра туристичка сезона. Отсекогаш посетеноста за Први Мај била барометар за тоа каква ќе биде летната сезона, во која на гостите ќе им понудиме многу содржини и богата фестивалска програма, велат од локалната самоуправа.
Лани во Дојран се забележани над 100 илјади ноќевања, а значајно место во ова бројка заземаат и гостите од Србија, кои порано само поминуваа низ Дојран на пат кон Грција, но од лани се поголем е бројот на српски туристи кои остануваат и повеќе денови на брегот на Езерото.