По една година во редовите на Академија Пандев, Никола Вујанац, српскиот голман, како слободен агент се договори со уште една струмичка екипа, Беласица.
26-годишникот од Силекс ги засили „пандевци“ минатото лето, но по истекот на договорот не го продолжи истиот. Поради тоа пронајде нова средина каде се обврза да остане во наредните сезони.
Фудбалерите на Беласица одиграа одлично во тековната сезона во ВМФЛ Исток и заедно со Македонија ЃП обезбедија место во најдобрата македонска лига наредната година.