strumica denes logo

ТУРНИР ВО КЛАСИЧЕН МАЛ ФУДБАЛ ВО МИРАВЦИ-ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЕКИПИ ОД СТРУМИЦА ДО 28 ЈУНИ!

Автор:

Датум:

јуни 22, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 22, 2019

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Фудбалскиот расадник во општината, младите од село Миравци годинава покрај атракцијата на традиционалниот турнир „Тихо“ подготвуваат нов турнир во класичен мал фудбал во своето село.

Спортското лето во Миравци продолжува со организациоаните подготовки на новиот турнир кој ќе ги окупира фудбалските фанови и миравчани во текот на месеците јуни и јули.

КМФ- Миравци е кратенка од „класчен мал фудбал во Миравци“ или продолжеток на традицијата која секое лето ја ужива ова село. Во ново руво, нови и млади организатори коишто за прва година најавуваат новитети. Цел на организаторите е покрај фудбалските клубови да допрат и до индивидуи кои ќе може да го искористат јавниот простор и толпата луѓе за себе промоција.
Контакт и пријавувања за учество на телефон: 070/248-255.

„Ќе нè има! Не затоа што сакаме- туку затоа што #мораме!
Со новиот старт ќе има и нови интересни атракции. Ќе има нова храна, која за некои ќе биде на #insta а за други во стомак! Ќе има и интерет натпреватувања, ќе има поттик за најхрабрите натпреватувачи, а ќе има и награди за најкреативните навивачи! Ќе се фотографираме, ќе учиме нови песни, кои дел ќе бидат по ваша желба! Ќе има и хуманитарни настани, се со цел да докажеме дека и Миравци има солидарност! Ќе ги поддржиме најмладите уметници, ќе им одвоиме од нашето време, кое за нив е од голема значајност! Ќе им кажеме на сите дека има што да се виде!“ – порачуваат организаторите.

Локација на сите збиднувања е добро познатото место – Стартото Школо! Ова е само најава. Пријавите се во очекување, а и новите информации за настапите, жребувањата, натрпреварите, наградите и забавниот дел, организаторите најавуваат дека наскоро ќе следуваат. Фудбалското Миравци и годинава Ве очекува со богати спортски настани на кои може да им се придружите и како учесници, или како публика.

Пријавување на екипи од Струмица до 28 јуни на следниот телефонски број: 070248255