strumica denes logo

Струмичанецот Стоилов го коригира ЕХФ: Мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автор:

Датум:

јуни 2, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 2, 2019

Категории:

Спорт

Вардар пак ја освои Европа и по вторпат во својата клупска историја го освои трофејот од најелитното ракометно натпреварување на ЕХФ, Лигата на шампионите.

Пред разиграните вардарци во финалето падна унгарскиот тим на Веспрем (27-24), а на официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ.

Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече:

„Мојата држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

Инаку, Стоилов го исполни ветувањето и дозволи Игор Карачиќ да го подигне историскиот трофеј.