Екипата на Беласица е на одмор. Управата мора да донесе нов тренер, затоа што Марјан Живковиќ веќе си замина од кормилото, и напролет Беласица ќе ја води нов тренер.
Јавноста веќе лицитира со имиња, дел е потврдено дека се контактирани, а она што е многу интересно е што во последните денови, десетици имиња веќе ја контактираа управата на Беласица и се нудат како можна опција. Сите велат дека се најдобрата опција за Беласица во моментов, а наскоро ќе мора да се донесе и конечната одлука. Таа би требало да биде објавена веќе на стартот на следната недела. Беласица го „пикира” Ѓоко Хаџиевски, во игра е и Наџи Шенсои.