Македонската одбојкарска репрезентација очекува пласман во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига што се игра денес и утре во салата „Парк“ во Струмица.
Прв противник на нашите одбојкари во првата полуфинална средба е репрезентацијата на Хрватска и со победа репрезентативците ги отвараат вратите на финалето.
Нашиот најдобар одбојкар Никола Ѓорѓиев изјави дека Македонија атакува на златниот медал во неговата родна Струмица и очекува голема поддршка од струмичани.