
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:
Беласица е како казнена експедиција во Втората лига Исток, а денеска настрада Победа Валандово со неверојатни 12 примени, без постигнат гол. Вакви победи со дузина голови се реткост, а во подвигот на лидерот блескаше Пепи Георгиев со покер голови.
Хет-трик кај расположениот состав од Струмица забележа Мартин Мирчевски, а два гола постигна Никола Божинов. За дузина голови се погрижија и стрелците на по еден погодок, Здравков, Андонов и Ташев.
Значајна победа во битката за второто место прокниќи Борец од Велес против Тиквеш со 3:1. Осогово и Кожув со минимални победи од 1:0 освоија бодови против Саса, односно Плачковица.