Борбена игра на двете страни, но во Штип денеска немаше голови. Брегалнциа и Белаасица одиграа 0:0, а очигледно тоа им одговараше на сите.
Реми без голови во големото дерби во второлигашката конкуренција Исток, на денешниот меч помеѓу Брегалница и Беласица во Штип. Пред неколкуилјадна публика, не само домашна туку и од Струмица, стартие ривали одиграа борбено но пред се на резултат. Маневски и Илиев имаа шанси за домашните, а Радојчиќ за гостинската екипа на Беласица, но се на се меч во кој очигледно и двата тима не сакаа да загубат и во кој се задоволни од ремито, односно освениот бод. Беласица со овој освоен поен, и натаму е неприкосновен лидер во оваа конкуренција, а Штипјани се надеваат на поволен развој на настаните, за да се пласираат во баражот.