strumica denes logo

Арсенал го пријави струмиланецот Дени Илиев во Лигата на Европа!

Автор:

Датум:

септември 6, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

септември 6, 2018

Категории:

Спорт

Македонскиот голман Дејан Илиев ќе има шанса да биде нов македонски интернационалец во Лигата на Европа затоа што екипата на Арсенал го пријави за претстојните настапи во европското фудбалско натпреварување.

„Топчиите“ пријавија четири голмани, а меѓу нив е и нашиот Илиев. Репрезентативецот за конкуренција ќе ги има Петр Чех, Бернд Лено и Емилиjано Мартинез. Илиев моментално е член на У23-тимот, со кого лани ја освои англиската Премиер лига.

Доколку Илиев добие шанса за настап, тогаш тој ќе биде седмиот Македонец кој ќе игра во Лигата на Европа.

Досега дел од неа се Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака, Аријан Адеми со Динамо Загреб, Бобан Николов со Видеотон, Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон и Ељиф Елмас со Фенербахче.