Home

Perdormire
СДСМ Струмица

КОСТА КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОПОЖАРЕНИОТ ДОМ НА КУЛТУРА ВО КУКЛИШ!

Home

Коста Костадинов, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ:

Во проектната програма со целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш се предвидени следните содржини: сала за приредби и претстави со сцена и гардероби за изведувачи, библиотека со читална, две простории за културно уметнички друштва, две канцеларии за вработените, клуб на пензионери, канцеларија на Месната заедница, кафетерија, санитарни простории и технички простории.

Планот за реконструкција е јасен ‐ Домот на Културата по реконструкцијата да стане мулти‐функционален простор кој ќе го користат сите жители на Куклиш. Во делот на зоната околу Домот на Културата и објектите кои се во непосредната околина планираме надополнување со ново парковско уредување.
Со овој проект е предвидено уредување на инфраструктурата со пешачки патеки и поставување соодветна, урбана опрема, надополнување на постоечките зелени површини и дополнување со ново холтикултурно уредување.

Затоа што само така, од срце се работи за Куклиш и се сака Струмица.

Од срце, за Струмица!❤️