Home

Perdormire
Проблем во Струмица Фото на денот

Во Струмица се зголемува бројот на возачи кои не прават разлика меѓу „плоштад“ и „паркинг“

Home

Од засега непознати причини, се’ поголем број возачи не успеваат во намерата да направат разлика меѓу „плоштад“ и „паркинг“. Точно е дека и двете места се карактеризираат со големо пространство, но да повториме уште еднаш:

Паркинг е простор уреден за паркирање на повеќе возила.

Плоштад е централно градско место предвидено за настани од јавен карактер и пешачка прошетка.