Знам, Господи дека недостојно се причестувам со Твоето пречисто Тело и со Твојата драгоцена Крв, знам дека сум виновен и дека го јадам и пијам своето осудување, бидејќи не размислувам за Твоето Тело и Твојата Крв, Христе и Боже мој. Се надевам на Твоето милосрдие, доаѓам при Тебе, зашто си рекол: “Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, живее во Мене и Јас во него”. И така, смилувај се, Господи, и не изобличувај ме мене, грешниот, но направи ми по твојата милост. Твоите свети тајни да ми бидат за исцеление, очистување и просветување, за запазување и за очистување на душата и на телото, за отстранување на секакво мечтаење, на лоши дела и ѓаволско влијание, кое дејствува невидливо во моето тело, да ми биде Светата причест за засилување на мојата љубов кон Тебе, за поправање на мојот живот и за закрепнување и умножување на добродетелите, за совршенство, за исполнување на Твоите заповеди, за дејство на Светиот Дух во мене, за поткрепа на патот кон вечниот живот, за добар одговор на Твојот страшен суд, а не за суд и осудување. Амин!
Свети Василиј Велики