Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често говореше со Ангелот лице в лице. Се случуваше и другите да го чујат гласот на Ангелот, но не беа достојни да му го видат лицето. Она што му го јавуваше Ангелот, младиот пророк го пророкуваше. Викаше кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници. Петстотини години пред Христа јасно ја прорече појавата на свети Јован Крстител. Но, главно, тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се претстави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.
Денес се празнува Светиот пророк Малахија
![](https://strumicadenes.mk/wp-content/uploads/2018/04/crkva-1.jpg)
ЕУРО ДИСТРИБУЦИЈА-СТРУМИЦА ВРАБОТУВА ШОФЕР СО ПОЛОЖЕНА Ц КАТЕГОРИЈА!
Еуро Дистрибуција – Струмица има потреба од шофер со положена Ц категорија! Телефон за информации и пријавување: 070 748 399
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ВРАБОТУВА ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ ЗА РАБОТА ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ!
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ДООЕЛ вработува ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ за работа во сметководство и финансии. Потребни се следниве квалификации: - ЗАВРШЕНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ -…
Денес се празнува Чудата на светиот Архангел Гавриил
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и…