Молитва за смирение и за избавување од страстите
Свети Нифонт Кипарски
Господи и Боже мој,
Ти Кој Светата Твоја Мајка ја
покажа почесна
од небесните сили,
прости ми ги гревовите по молитвите на
многусаканата Дева
и истерај ги далеку од мене секоја скверност;
блуд, прељубодејство и злословие,
омраза, завист и гнев,
огорченост и немарност;
гордост и суета,
среброљубие и немилосрдност;
спротивставување, препирање и непријателство,
распалување на телесните страсти,
душевна скаменетост;
лакомост; пијанство, лукава желба,
и најпосле – неверие
и човечка, најгорчлива и бесславна слава.
Да, Боже мој,
оттргни го сето тоа далеку од мене
и направи луѓето да ме презираат
и со гадење да ме избегнуваат;
Нека не се најде на земјата, Човекољупче,
никој да ме пофали и да ме почитува,
никој да не рече дека сум свет;
за да не бидам осуден, Господи мој, поради него.
Избави ме од човечката слава,
Човекољупче!
Ослободи ме од човекоугодништвото,
Милостив!
Извадок од книгата:
Свети Нифонт Подвижник меѓу Епископите
Библиотека Небесни цветови
Манастир „Свети Атанасиј Велики“ Журче