strumica denes logo

АМИН БОЖЕ: НАУЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА ДА БАРААТ ПОМОШ БОЖЈА!

Автор:

Датум:

јули 9, 2019

Категории:

Празници

Автор:

Датум:

јули 9, 2019

Категории:

Празници

НАУЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА ДА БАРААТ ПОМОШ БОЖЈА

Лек и голема тајна на детскиот напредок е смерноста. Довербата во Бога дава потполна сигурност. Бог е сè.

Никој од луѓето не може да каже за себе: ја сум сè. Тоа само го зацврстува егоизмот. Бог сака од нас децата да ги водиме по патот на смирението.

Ниту ние ниту децата ништа нема да сториме без смирение. Треба да бидете многу внимателни кога ги поттикнувате децата на нешто.

На детето не треба да му кажувате:

Ќе успееш ти во тоа. Ти си способен, ти си млад, ти си храбар, ти си совршен.

Со тоа не му пружате корист на детето. Но, можете да му кажете да се моли на Бога.

Кажете му:

Дете мое, Бог ти ги дал даровите кои ги имаш. Помоли Му се Нему да ти даде сила тие дарови да ги негуваш и да постигнеш успеси. Нека Бог ти ја даде благодатта Своја.

Ова е совршен метод. Во сите работи децата треба да се научат да ја бараат помошта Божја.

Пофалбите им нанесуваат зло на децата. Што ни кажува зборот Божји?

„Народе мој! Твоите водачи те доведуваат до заблуда и го растуриле патот, по кој одиш” (Ис. 3, 12).

Оној што нè фали, нè обманува и ни ги расипува патиштата на нашиот живот. Колку се премудри зборовите Божји!

Пофалбата не ги подготвува децата за било каква тешкотија воживотот, па тие, кога ќе пораснат, ќе бидат неприлагодени, се губат и најпосле трпат неуспех.

Дeнес светот се расипал. На малото дете му кажуваат само пофални зборови. Советуваат – да не го караме детето, да не му се противиме, да не вршиме притисок на него.

Но, дали тоа така учи нешто за животот и дали може правилно да реагира макар и на најмала тешкотија? Штом некој ќе му се спротивстави, тоа е веќе скршено, нема во него одважност.

Први родителите се одговорни за неуспехот на децата во животот, а веднаш по нив учителите и професорите, зашто непрестајно ги фалат, им ги полнат главите со егоистични зборови. Не ги приведуваат кон Духот Божји. Ги отуѓуваат од Црквата.

Кога децата малку ќе пораснат, па ќе тргнат на училиште со таков егоизам во себе, се оддалечуваат од религијата и ја презираат.

Ја губат богопочитта, како и почитта кон родителите и кон сите други.

Стануваат нескротливи, сурови и немилосрдни. Не ја почитуваат ниту религијата ниту Бога.

Во живот сме пратиле егоисти, а не христијани.

Старец Порфириј Кавсокаливит – ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА

Продолжува…