ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: ВЧЕРА СО БОЈА СЕ ПОКРИВАШЕ СОДРЖИНА НА БИЛБОРД ВО СТРУМИЦА, УТРОВО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ШТО ГО ПОНИЖИВТЕ ГИ ФАРБАШЕ УЛИЦИТЕ СО ПОРАКИ!

март 3, 2020

РЕАКЦИЈА НА ВМРО – ДПМНЕ ОК СТРУМИЦА

,,БИЛБОРДО Е ИСФАРБАН –
РЕЗИЛО СТОО”

Вчера бевме сведоци на објавена фотографија на социјални мрежи на која засега непознат сторител, со боја покрива содржина на билборд во Струмица.
Партијата СДСМ која на власт дојде со фарбање изгледа мисли дека фарбањето е начин за долго одржување во власт.

Само што, претходно ги фарбаа спомениците на децата бегалци и македонски симболи, а овој пат ги фарбаат резилите на сопственото работење.

Денеска сме сведоци на крајно некултурна и дрска реакција на СДСМ ОО Струмица.

Заев е готов!
Никогаш Северна само Македонија!
Утрово осамнаа пароли во форма на графити во Струмица.

Проблемот на СДСМ е што ВМРО – ДПМНЕ не го заговара овој настан!
Ова Ви е реакција од македонскиот народ што го пониживте толку многу, што му ја уништивте татковината. Револтот го искажуват на начин за кој вие сами тврдевте дека е демократски: фарбање по улици.

Какви Ви се тие директни навреди со простачки вокабулар?
Паника има а?

Кој тоа во ВМРО – ДПМНЕ се неписмени?
Што имате вие со нашата наводна ,,реформа”?
Средете ги вие вашите внатрешни партиски проблеми.

Не лутете се на сограѓаните поради нивниот револт.
Заев е готов – тоа е факт! За скоро време ќе има избори и СДСМ ќе изгуби катастрофално.

Петнаесет години сте локална власт во Струмица и искористивте дебело еден неуспешен мандат на државна власт.
За толку години, тендери пари, лошо и неодговорно работење, белки се уморивте и ќе се помирите.
Инаку, сограѓаните се очигледно уморни и нивната реакција за жал е таква каква што Вам не ви одговара.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ