ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ДО КОСТАДИНОВ: ПРАТЕНИКОТ ОД СЕВЕРНА РАСКАЖУВА ЗА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА НАЈНЕСПОСОБНАТА ВЛАДА ВО ИСТОРИЈАТА!

јуни 4, 2021

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Пратеникот Костадин Костадинов.

Почитувани сограѓани ако сте го слушале овој глас со отровна реторика сигурно ви е јасно дека станува збор за некој кој со сеење магла предизвика економска и политичка пропаст на нашата Македонија.

Државата економски е разорена, здравствената криза уништи семејства и бизниси, во криминал се фатени луѓе од целиот врв на СДСМ но, нив народски кажано ,,лед не ги леди”.
Договараат разни национални предавства и, во меѓувреме си делат тендери, се грижат за перспективите на марихуаната, си делат работни места на партиски активисти.

Ете денеска Пратеникот од Северна Македонија Костадин Костадинов излегува да раскаже за капиталните инвестиции на најнеспособната Влада во историјата на Македонија.
Тоа биле, замислете: градинка, крак на болница, пат и мост и слични работи кои не би требало да ги спомнува ниту на состанок во неговата партија, а камоли на прес конференција на СДСМ за која е познато дека веќе 16 години е на власт во Струмица.

Денеска пратеникот Костадинов требаше да каже колку е реализирана нивната програма и зошто не е остварено она што е ветено. Тоа ќе беше доволно.

Народот веќе не му верува на СДСМ во очи на претстојните избори и, ваквите панични настапи ќе бидат претпоставуваме чести.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ