Perdormire
ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ ОК СТРУМИЦА: РАБОТИТЕ СТАНУВААТ СЕ’ ПОЛОШИ, СЛЕДУВААТ СЕРИЈА НА ПРЕСОВИ!

Претседателот на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ Александар Донев, на прес конференција најави серија на пресови во иднина бидејќи  како што вели тој, работите од ден на ден стануваат се’ полоши.

Преку пресовите како што изјави Донев, граѓаните на општина Струмица ќе бидат информирани  за состојбите со надеж да се разбуди локалната власт и да ја преземе одговорноста за работите од својата надлежност.

Главната цел на самите пресови ќе биде потсетувањето на градоначалникот за ветените и неисполнети ветувања.

 

АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ:

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,
ВЕЌЕ ДВЕ ГОДИНИ СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ И ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ СТРУМИЦА АКТИВНО ГИ СЛЕДАТ: ТЕКОВНОТО РАБОТЕЊЕ И СОСТОЈБИТЕ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА.

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА СЕКОГАШ УКАЖУВА НА ПРОПУСТИТЕ СО ЦЕЛ ДА ПОТТИКНЕ АЖУРНО РАБОТЕЊЕ НА СИТЕ СЕГМЕНТИ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ.

ЗА ЖАЛ РАБОТИТЕ СТАНУВАТ СЕ ПОЛОШИ И ЗАТОА ПРЕКУ НИЗА ПРЕСОВИ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ ГИ ИНФОРМИРАМЕ ГРАЃАНИТЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ СО НАДЕЖ ДА ЈА РАЗБУДИМЕ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО СТРУМИЦА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА РАБОТИТЕ ОД СВОЈАТА НАДЛЕЖНОСТ.
ИМАМЕ НАМЕРА ДА ГО ПОТСЕТИМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕТЕНИТЕ И НЕИСПОЛНЕТИ ВЕТУВАЊА, ДА ГО ПРАШАМЕ ЗА ОДРЕДЕНИ ПОТРОШЕНИ СРЕТСТВА И ЗА РАБОТАТА НА НЕГОВИТЕ СЛУЖБИ И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА.

ВЕТУВАА ДЕКА ОД СТРУМИЦА ЌЕ НАПРАВАТ ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ, ВОДЕЊЕ БИЗНИС, ЗА ЖИВЕЕЊЕ, ШКОЛУВАЊЕ, СТРУМИЦА ДА БИДЕ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР НА РЕГИОНОТ И СТРУМИЦА ДА СТАНЕ ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА .

ВЕТУВАЊА ЗА ПРОМЕНА НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА И СОЗДАВАЊЕ НА ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ЗА КУЛТУРНИОТ ЖИВОТ, ВЕТУВАЊА ЗА ЖИВОТОТ НА СОГРАЃАНИТЕ ВО ТУРСКОТО МААЛО .

ВЕТУВАЊА ЧИЈ ШТО РОК ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НЕПОВРАТНО ИЗМИНУВА И КОИ РЕАЛНО НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРАТ ВО ПРЕОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД МАНДАТОТ. АКО ПОРАНО ВИНОВНА БЕШЕ ТОГАШНАТА ВЛАДА, СЕГА СО ТОЛКУ АНГАЖИРАНИ СТРУМИЧАНИ ВО ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ РАБОТИТЕ ОЧЕКУВАНО ТРЕБА ДА БИДАТ ПОДОБРИ.

ИРОНИЧНО МОЖЕ ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖИ ДЕКА ИМАТЕ И ВЕТУВАЊА ЗА КОИ ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ВЕЌЕ ЈА ОЛЕСНУВА СИТУАЦИЈАТА, КАКО НА ПРИМЕР:

,,ДИПЛОМАТСКА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД СТРУМИЦА ЗА ИЗНАОЃАЊЕ ДЕЛОВНИ ПРИЈАТЕЛИ ВО СТРАНСТВО”.

ИМЕНО, СКОРО ОТКРИВМЕ ДЕКА ВО ПОВАЖНИТЕ ЦЕНТРИ НЕМАМЕ ДИПЛОМАТСКИ ПРЕТСТАВНИШТВА.
ИЛИ ПАК, ВЕТУВАЊЕТО:

,, ДА СЕ ПОДОБРИ ПЕШАЧКАТА ЗОНА ПРЕД МАФ-МАФ”.
КОЈ МОЖЕШЕ ДА ПРЕТПОСТАВИ ДЕКА ОТКАКО ЌЕ ДОЈДЕ ЖИВОТОТ ЌЕ ЗГАСНЕ ЛЕБЛЕБИЏИСКАТА УЛИЦА , ИСТО КАКО СТАРАТА ЧАРШИЈА НО, ГО ОХРАБРУВАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДА НЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕШАЧКАТА ЗОНА.

ИСТОВРЕМЕНО, БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗВЕСТИМЕ СОГРАЃАНИТЕ ДЕКА ВО ПРЕТСТОЈНИОТ ПЕРИОД ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ ВО РАМКИТЕ НА ,,РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА” ЌЕ ОДРЖИ НЕКОЛКУ ДИРЕКТНИ СРЕДБИ СО СОГРАЃАНИТЕ .
СО ТАА НАМЕРА НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ЌЕ ОДРЖИМЕ ЈАВНИ СРЕДБИ НА КОИ ГИ ПОКАНУВАМЕ СОГРАЃАНИТЕ ДА ГОВОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРОБЛЕМИ И ИДЕИ.
ПОЧИТУВАНИ !

ДА СЕ ВКЛУЧИМЕ СИТЕ ВО ОБНОВАТА НА НАШАТА ОПШТИНА И ТАТКОВИНА И СЕКОЈ ОД НАС ДА СТАНЕ МАКЕДОНИЈА ЗА КОНЕЧНО ПОСЛЕ ПАДОТ НА ОВАА СРАМНО И НЕОДГОВОРНО ВЛАДЕЕЊЕ НА СДСМ

ПОВТОРНО ДА СТАНЕ ГОРДА И ДОСТОИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА.

ВИ БЛАГОДАРАМ !