strumica denes logo

(ВИДЕО) ТАЊА ДОСТИНОВА ЗАПРОВА: ВО СДСМ-СТРУМИЦА ВЛАДЕЕ ПАНИКА, СЕ ФАЛАТ ДЕКА СЕ ЖИВЕЕЛО ПОДОБРО!

Автор:

Датум:

јануари 23, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

јануари 23, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/487616388854754/?t=1

ТАЊА ДОСТИНОВА ЗАПРОВА СО РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ!

Последниот прес на СДСМ во Струмица покажува дека во редовите на партијата на власт – владее паника.
На прес конференција се фалат со покачени плати во образованието и, социјалната помош и ги известуват граѓаните дека ,,веќе се живеело подобро”.

Имено 15 години СДСМ вработува свои кадри во струмичкото основно и средно образование и во градинките.
Исплашена од слабите изборни разултати СДСМ си ги потсетува своите дека им ги покачиле платите – за наводно, веќе да живеат подобро.
Инаку, сите релевантни податоци зборуват дека образовниот систем во владеењето на СДСМ е значајно уназаден.

Економското опустошување на државата, уништувањето на стопанството и земјоделието направи работната сила во регионот масовно да емигрира па нормално е овде да дојде до покачување на платите.

СДСМ нема да постигне изборен ефект ниту од социјалната помош со која се обидува да ги поткупи најранливите категории на сограѓани.

Конечно, не е чудно жените од раководството на СДСМ во Струмица последниве години да живеат подобро.
По раскрчмување на државата и општината, превработеност во администрацијата и тендерите – редно е некој во земјава – и да си живее подобро.

Наместо настапи со празна зборови за режим и откако се виде дека сте неспособни – време е да се скриете до 12ти Април, денот кога граѓаните ќе гласат масовно за ВМРО- ДПМНЕ.
А потоа, следува обнова на општината и татковината !

Ви благодариме;