bandr
ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ТАЊА ДОСТИНОВА -ЗАПРОВА: ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ СИЛЈАНОВСКА!

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,
УНИЈАТА НА ЖЕНИ ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ГИ ИНФОРМИРА СИТЕ ЧЛЕНОВИ И СИМПАТИЗЕРИ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА КОЈА ПО 18-ТИ ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 3-ТИ МАРТ ВО СКОПЈЕ.
ЛОГОТО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА Е: СИЛНИ ЖЕНИ – СИЛНА МАКЕДОНИЈА.
НАШЕТО ЛОГО ДОБИВА ПОСЕБНА СВЕТЛИНА ВО ОДЛУКАТА НА ПАРТИЈАТА ДА ЗАСТАНЕ ЗАД КАНДИДАТУРАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПРОФЕСОР ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА.
ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА Е СИЛНА ЖЕНА СО ГОЛЕМ ПРОФЕСИОНАЛЕН, МОРАЛЕН И ЧОВЕЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛ ПРИЗНАТ ВО ЗЕМЈАВА И ВО СВЕТОТ.

ТАА Е СОПРУГА, МАЈКА И ПРЕД СЕ ЖЕНА КОЈА СИТЕ КВАЛИТЕТИ ГИ ВЛОЖИЛА ВО БОРБАТА ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ЖЕНАТА ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО КАКО ЕДНАКОВ И РАМНОПРАВЕН СУБЈЕКТ.
СИТЕ НИЕ КОИ БАРАМЕ СУШТИНСКА ПРОМЕНА И РЕФОРМИ ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО СО ГОРДОСТ ЗАСТАНУВАМЕ ЗАД НЕЈЗИНАТА КАНДИДАТУРА СО ОЧЕКУВАЊЕ ДА ГИ ОБЕДИНИ СИТЕ СИЛИ БЕЗ РАЗЛИКА НА ПОЛОВА И НАЦИОНАЛНА ОСНОВА ЗАРАДИ ИЗГРАДУВАЊЕ НА ПОДОБРА ИДНИНА ЗА ТАТКОВИНАТА.

ТОКМУ ЗАТОА МОЖЕМЕ ВО ПРЕТСТОЈНИОТ ПЕРИОД ЌЕ СЕ ЗАЛОЖИМЕ ПРЕКУ АКТИВИЗАМ И ВЕРБА ДЕКА САМО ЧЕСНИ КАДРИ СО СЕРИОЗНИ НАМЕРИ И ПРОГРАМА МОЖАТ ДА НАПРАВАТ СИЛНА МАКЕДОНИЈА.
ЗАРАДИ ТОА ГИ ПОВИКУВАМЕ НАШИТЕ СОГРАЃАНИ ДА ГО ДАДАТ СВОЈОТ ПОТПИС ЗАД КАНДИДАТУРАТА НА ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ВО КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ОД 23 ФЕВРУАРИ ДО 9 ТИ МАРТ.
Ви благодарам