ВМРО-ДПМНЕ ВАСИЛЕВО:
Почитувани наши сограѓани,
Дека имаме неодговорна локална Власт предовдена од СДСМ која мисли само на своите интереси покажа и неодамнешната одлука за формирање на Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по невремето што ја зафати територијата на општина Василево од 24 јуни.
Со донесената одлука ќе се врши проценка на штетите во Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала каде невремето направи пустош и предизвика огромни штети по земјоделските посеви. Но, тој ден невремето проследено со пороен дожд и град предивика огромни штети и во атарите на селата Пиперево, Василево и Градашорци но, со одлуката што СДСМ ја донесе жителите односно земјоделците од тие места – се заборавени. Како ВМРО-ДПМНЕ реагиравме за ова неправда но, очигледно дека на СДСМ му е поважно нешто друго, а тоа е недомаќинско трошење на парите отколку да се грижи за своите граѓани.
Затоа бараме повторно да се интервенира и да се прави проценка на штетите и во овие населени места. Имајќи го во предвид лошиот начин на владеење, постои страв кај сограѓаните од фаворизација и неправди. Ова покажува колку СДСМ се грижи за граѓаните и колку е праведен кон сите иако на големо се залагаа за живот за сите. Рака на срце паролата Живот за сите ја почуствуваа само оние кои се здобија со функции и блиските околу нив.
https://www.facebook.com/vmrodpmne.p.vasilevo/videos/2749286598520513/?t=1