Почитувани сограѓани драги браќа и сестри. Во спомен на годишнината од погибието на Коле Китанов македонски бранител од 2001 година, денеска Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ Струмица и Босилово и Здружението на бранители Бедем одржа Панихида во храмот Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.
Постојано да се сеќаваме на херојството на нашите сограѓани кои загинаа за слободата, верата и татковината како темел на денешнината и светлина за идните генерации.
Да им благодариме и да побараме Господ да им подари Царство Небесно и Вечен помен.
Делегација од Општина Струмица денеска престојува во официјална посета на Општина Пијаченца, Италија, со цел унапредување на долгогодишната соработка, размена…
Исплатени се надоместоците за ангажираните во избирачките одбори на територијата што ја покрива Општинската изборна комисија – Струмица. Средствата им…