Новиот состав на Општинскиот Комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ Струмица ја одржа првата конститутивна седница која ја водеше новоизбраниот претседателот на УМС-Струмица, Христијан Велков.
„Унијата знае да одговори патриотски и достоинствено, сложно и единствено на сите предизвици, Унијата е потребна на татковината најмногу кога е тешко“ – стои во документот што вечерва беше донесен како определба кон вредносните ориентири на младината.
На седницата за секретар е именуван е Васко Танев. Општинскиот комитет во понатамошниот период ќе одржува редовни седници а во тек е изработка на агенда и програма. Во продолжение погледнете ја изјавата на претседателот Христијан Велков.
https://www.facebook.com/886604531394812/videos/322277995187751/?t=0