(ВИДЕО) ХРИСТИЈАН ВЕЛКОВ: ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАРШ НА БЕЛАСИЦА ВО ЧЕСТ НА ПЕТТЕ СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО НЕДЕЛА!

август 10, 2019

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ – Струмица е домаќин на овогодинешната летна младинска школа. Домаќините досега пречекаа стотици гости и учесници од цела Македонија и странство, а големиот интерес се должи на можноста младите да се едуцираат и да се дружат. Во рамки на активностите, на одржаната прес-конференција со изјава излезе претседателот на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ – Струмица, Христијан Велков.

Велков ги повика граѓаните за масовна поддршка на маршот што ќе се одржи утре, како дел од предвидените активности на летната школа.

Програмата на летната школа го опфаќа споменот на петте струмички студенти – само неколку дни пред 13 август, УМС ќе го освежи споменот на младите борци за демократија од 1951 година.

Програмата за учесниците предвидува проекција на филмот „Златна петорка“, а веќе утре, недела, ќе се одржи традиционалниот марш со искачување на Беласица, се’ до местото на нивното погубие.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: