Perdormire
ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ХРИСТИЈАН ВЕЛКОВ ОД УМС СТРУМИЦА ВЕЛИ ДЕКА ВЛАСТА ГО ЗАПОСТАВИ ТУРСКОТО МААЛО ВО СТРУМИЦА!

ВЛАСТА ГО ЗАПОСТАВИ ТУРСКОТО МААЛО ВО СТРУМИЦА!

ВЛАСТА ГО ЗАПОСТАВИ ТУРСКОТО МААЛО ВО СТРУМИЦА ПОЧИТУВАНИ, ТУРСКОТО МААЛО ВО СТРУМИЦА Е ЕДНО ОД ЗАГРОЗЕНИТЕ МЕСТА КАДЕ ШТО ИТНО СЕ ПОТРЕБНИ: РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВЕТЕНИТЕ ПРОЕКТИ И ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ! ПРЕД ДА ПАДНАТ ПРОЛЕТНИТЕ ДОЖДОВИ ДА ПОТСЕТИМЕ ДЕКА ЗА УЛИЦИТЕ:,,СТОЈМЕНСКИ",,БУХА" И ,,ЃОРГИ ВАСИЛЕВ" СЕ ВЕТЕНИ РЕКОНСТРУКЦИ. ВЕТЕНО Е БЕТОНИРАЊЕ НА УЛИЧНИТЕ ЏЕБОВИ. ИСТО ТАКА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ИМА ВЕТЕНО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИТЕ И КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ОВОЈ РЕГИОН.ГРАЃАНИТЕ ОБЈАВУВАТ ВИДЕА И СВЕДОЦИ СМЕ СИТЕ НА ДУПКИТЕ ПО УЛИЦИТЕ И СОБИРАЊЕТО НА ВОДА И КАЛ.ГО ПРАШУВАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДО КАДЕ Е ВЕТЕНОТО ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЧНАТА МРЕЖА НА ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ОВАА МААЛО? ДО КАДЕ Е ТЕКОТ НА РАБОТИТЕ ВО ОВА МААЛО ? ВЕЌЕ 15 ГОДИНИ СДСМ Е ЛОКАЛНА ВЛАСТ ВО СТРУМИЦА И ЕДЕН МАНДАТ ДРЖАВНА ВЛАСТ. И ДЕН ДЕНЕСКА ВЛАСТА НЕМА ОДГОВОР ШТО СТАНУВА СО ВЕТЕНИТЕ: СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ЗА МЛАДИ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА КУЛТУРНИОТ ЖИВОТ ВО МААЛАТА? ДА ПОТСЕТИМЕ, СЕКОЈ МЛАД ЧОВЕК ЗАСЛУЖУВА РАБОТНО МЕСТО И ПРИСТОЕН ЖИВОТ НО, НЕ Е ПРАВИЛНО ЗГРИЖУВАЊЕ НА ПОЕДИНЦИ ДА ЗНАЧИ ЗАПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНИТЕ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ ВО ОВОЈ ДЕЛ ОД ГРАДОТ.ДА НЕ ЗАБОРАВАМЕ, ВО ОВОЈ РЕГИОН ГРАВИТИРАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ; ОВОЈ РЕГИОН ИМА ВАЖНА УЛОГА ВО ПОВРЗУВАЊЕТО НА ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ И ИМА ПОВАЖНИ ВЕРСКИ И КУЛТУРНИ ОБЈЕКТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА СТРУМИЦА.ВИ БЛАГОДАРАМ !

Posted by Унија на Млади Сили на ВМРО – ДПМНЕ О.К. Струмица on Saturday, 22 February 2020

На денешната прес конференција на Христијан Велков УМС на ВМРО-ДПМНЕ се нагласуват проблемите на сограѓаните особено младите во турското маало во Струмица.

Според Велков во овој регион живеат неколку илјади луѓе за кои актуелната власт речиси две децении ветува културни и спортски можности преку инвестиции.

Наместо тоа, станува збор за урбано и инфраструктурно запоставување и лош менаџмент на работите во тој дел иако е важен за градот Струмица.