bandr
ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ УТРЕ (ЧЕТВРТОК) ВО СТРУМИЦА НА РАЗГОВОР СО ГРАЃАНИТЕ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА!

Александра Митева 09.10.2019

„Разговори за #ОбноваНаМакедонија“ Струмица Локација : Пред Споменикот на жртвите од пожарот – Платото пред Тинекс Маркет. Време: 10.10.2019 (четврток)Почеток: 16:00 часот Почитувани, Поминува мандатот на власта што остава пустош од првиот до последниот ден од своето работење. Понижување и разграбување на сето она што го граделе генерациите пред нас и уништување на условите за работа и живот на сограѓаните е дефиниција за секоја власт на СДСМ. За среќа нашата татковина ја има нашата генерација која покрај сите притисоци и закани ја прифаќа задачата повторно да се зафати со обнова. ВМРО- ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски никогаш не се откажа од борбата за подобра Македонија и поубава и економски посилна Струмица. Затоа ве покануваме на нашите Разговори за Обнова на Македонија што ВМРО- ДПМНЕ во Струмица ги организира на 10 ти октомври во четврток. Настанот ќе се одржи на платото пред споменикот на загинатите струмичани во пожарот, непосредно до Тинекс Маркет. Собирање на идеите и разговори за проблемите на сограѓаните и средбите со лидерот и членовите ќе започнат во 16: 00 часот. На присутните ќе им се обрати Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ господин Христијан Мицкоски во 18:00 часот. Почитувани! Македонија заслужува и Струмица заслужува, овој пат заедно да ја започнеме ОБНОВАТА ! Ве покануваме да присуствувате на настанот, да ги кажете вашите идеи за обновата која ја започнуваме заедно и никој и ништо повеќе нема да ја спречи.РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА СТРУМИЦА, ЗАЕДНО!!! ВРЕМЕ Е!Ви благодарам!

Posted by Александар Донев on Wednesday, 9 October 2019

Портпаролката на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ, Александра Митева преку прес конференција го најави утрешното доаѓање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Струмица на разговори со граѓаните за Обновата на Македонија. Трибина ќе биде поставена пред самиот споменик на загинатите струмичани во пожарот односно кај маркет „Тинекс“. Со почеток во 16:00 часот ќе започнат средбите со граѓаните, а Христијан Мицкоски на струмичани ќе им се обраби во 18:00 часот.