bandr
ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ГРАЖДАНЛИЕВ: НИСКАТА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ РЕГИОНИ Е ПОРАКА ЗА ВЛАСТА!

Интегрален текст од прес-конферецијата на Гражданлиев, а веднаш по текстот следува и видеото:

ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ БОСИЛОВО НЕ Е ИЗНЕНАДЕН ОД ПОДАТОЦИТЕ КОИ ЗБОРУВАТ ДЕКА СДСМ НА НИВО НА ОПШТИНА БОСИЛОВО ОЧИГЛЕДНО ИМА СЛАБА ПОДРШКА .

ИЗЛЕЗНОСТ ОД САМО 24 ОТСТО НА СОГРАЃАНИТЕ ПОКАЖУВА ДЕКА СДСМ ВО БОСИЛОВО ЈА ГУБИ ДОВЕРБАТА КАЈ НАРОДОТ.

ОВИЕ ПОДАТОЦИ ПОКАЖУВАТ ДЕКА ВЛАДЕАЧКАТА СДСМ ТРЕБА СЕРИОЗНО ДА СЕ ЗАМИСЛИ ЗА ДОСЕГА СПРОВЕДЕНИТЕ ПОЛИТИКИ КОИ ДИРЕКТНО ГИ ЗАСЕГАТ НАШИТЕ СОГРАЃАНИ ВО БОСИЛОВО – ЗЕМЈОДЕЛСКИ РЕГИОН КАДЕ ДОСТОИНСТВОТО , ЧЕСТА И НАЦИОНАЛНАТА ГОРДОСТ ОД СЕКОГАШ БИЛЕ НАЧЕЛЕН МОТИВ.

СДСМ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕГЛЕДА И ДОСЕГАШНАТА НЕГАТИВНА ПРАКТИКА НА ВЛАСТА ЗАТОА ШТО НЕ УСПЕА ДА ГИ УБЕДИ СОГРАЃАНИТЕ:

-НИТУ СО ПРИТИСОK ВРЗ АДМИНИСТРАЦИЈА,

– НИТУ СО ПРИТИСOK ВРЗ СТОПАНСТВОТО,

-НИТУ ПАК, СО ПРИТИСОКОТ ПРЕКУ ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ.

НАМЕСТО ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ПОЛИТИКА ШТО КАЈ ГРАЃАНИТЕ ОД БОСИЛОВО ПРЕДИЗВИКУВА ЗАБУНА И ЗА КОЈА НЕМА КАПАЦИТЕТ, СДСМ ПОДОБРО ДА СЕ ЗАФАТИ СО КОНКРЕТНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРАЃАНИТЕ ОД БОСИЛОВО И РЕГИОНОТ.

ЈА ПОТСЕТУВАМЕ ВЛАДАТА ЗА СЕРИОЗНАТА СОСТОЈБА ВО КОЈА СЕ ДОВЕДЕНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО РЕГИОНОВ КОЈ ЈА СЛЕДИ СУДБИНАТ НА ОСТАНАТИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРАЕВИ ВО ЗЕМЈАВА.

ЛОШАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА ОСОБЕНО СЛАБИОТ ОТКУП НЕ САМО ШТО ДИРЕКТНО СТОПАНСКИ ГО УНИШТИ НАШИОТ ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРАЈ ТУКУ ПРИДОНЕСЕ ЗА ОСИРОМАШУВАЊЕ И ОБЕСХРАБРУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И НИВНО МАСОВНО ИССЕЛУВАЊЕ СО ШТО ДОЈДЕ ДО ДЕМОГРАФСКО ПУСТОШЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ РЕГИОНИ ВО ЗЕМЈАВА.

ЈА ПОВИКУВАМЕ ВЛАСТА ПОКРАЈ ПОТРЕБАТА ОД ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ПОЛИТИКА ДА РАЗБЕРЕ ДЕКА ОСНОВЕН МОТИВ ЗА НАПОРНА РАБОТА НА СЕКОЈ ЧЕСЕН И ТРУДОЛУБИВ СОГРАЃАНИН Е НЕГОВОТО ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО И НАЦИОНАЛНА ГОРДОСТ.