АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ: „БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО, СТРУМИЦА ОД ЕВРОПСКА-СТАНА СВЕТСКА“Почитувани претставници на медиумите, почитувани сограѓани,За жал, последниве денови Струмица според одредени мерни станици за загаденост на воздухот е меѓу првите во Светот.И покрај реакцијата на граѓаните и невладиниот сектор и покрај нашата реакција со предлози и мерки – власта останува глува.До сега, освен банални мерки и ситни казни власта не може да се одважи и пред јавноста да ги открие и справи со главните загадувачи на воздухот над Струмица.Во меѓувреме, значително е зголемен бројот на граѓани кои се почесто се жалат на здравствени проблеми директно или индиректно поврзани со оваа нова еколошка катастрофа.Состојбата е алармантна затоа што загадувањето најсилно ги погодува децата, старите и болните лица.Дванаесет години актуелниот Премиер беше Градоначалник на Струмица и, веќе три години СДСМ ја има апсолутната власт во државата.Дванаесет години СДСМ создаваше урбан хаос и сложени бизнис врски во наводната ,,Европска Струмица" додека за неспособното раководење ги обвинуваше претходните влади.Три години нема ниту инвестиции ниту проекти и сите сме свесни дека неспособните раце на апсолутната власт во спрега со бизнисот сериозно посегнуват по здравјето и животот на граѓаните.Струмичани разочарани од загадениот воздух иронично коментират дека: конечно од ,,Европска" – Струмица станала ,,Светска"Ви благодарам !
Posted by Strumica Denes on Wednesday, 18 December 2019
Почитувани претставници на медиумите, почитувани сограѓани,
За жал, последниве денови Струмица според одредени мерни станици за загаденост на воздухот е меѓу првите во Светот.
И покрај реакцијата на граѓаните и невладиниот сектор и покрај нашата реакција со предлози и мерки – власта останува глува.
До сега, освен банални мерки и ситни казни власта не може да се одважи и пред јавноста да ги открие и справи со главните загадувачи на воздухот над Струмица.
Во меѓувреме, значително е зголемен бројот на граѓани кои се почесто се жалат на здравствени проблеми директно или индиректно поврзани со оваа нова еколошка катастрофа.
Состојбата е алармантна затоа што загадувањето најсилно ги погодува децата, старите и болните лица.
Дванаесет години актуелниот Премиер беше Градоначалник на Струмица и, веќе три години СДСМ ја има апсолутната власт во државата.
Дванаесет години СДСМ создаваше урбан хаос и сложени бизнис врски во наводната ,,Европска Струмица” додека за неспособното раководење ги обвинуваше претходните влади.
Три години нема ниту инвестиции ниту проекти и сите сме свесни дека неспособните раце на апсолутната власт во спрега со бизнисот сериозно посегнуват по здравјето и животот на граѓаните.
Струмичани разочарани од загадениот воздух иронично коментират дека: конечно од ,,Европска” – Струмица станала ,,Светска”
Ви благодарам !
