bandr
ВМРО-ДПМНЕ

Васил Пишев ја осудува манупилацијата која ја објавија за него!

Васил Пишев:

ДЕМАНТ
Почитувани,
Најостро ја осудувам грубата и тенденциозна манипулација на порталот а1он, но и на други медиуми и портали кои ја пренесоа веста со наслов дека јас наводно сум рекол “Ако треба и ќе убиеме за Македонија”

Таа реченица никогаш и никаде не сум ја рекол, пишал или изјавил и е тотална невистина и лага.

Моето пишување кое го пренесоа почесните медиуми во такви околности на неконтролиран влез на луѓе, јас пишав, ако треба и ќе умреме за Македонија.

И, тоа и денес го мислам дека тоа е свето право на секој Македонец.

Потенцирам, дека за да умреш или да убиеш има огромна разлика дури и за малите деца.

Доколку веста не биде повлечена веднаш и не добијам извинување за овој груб и невистинит текст и наслов, мојот адвокат за 24 часа ќе покрене тужба кон сите оние кои манипулираат со овој текст и наслов.

Со ништо не сум заслужил мојата чест и углед да биде нарушена и тоа никогаш нема да го дозволам.

Со почит,
Васил Пишев