УМС Струмица ги повика сограѓаните да се приклучат на еко акцијата ,,Без губре, без изговори”

септември 13, 2018

На 15 септевмри светскиот ден на чистењето Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, преку претседателот на Унијата, Христијан Велков, ги повика сограѓаните да се приклучат на на еко акцијата ,,Без губре, без изговори”.

Како што информираат од Унијата на Млади Сили акцијата ќе се одржи во цела држава, а во Струмица и регионот ќе се чисти на повеќе локации. Од УМС-Струмица упатија апел и до сите граѓани и иституции да ја одржуваат чистотата во околината.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: