Заедно со мојот тим денеска сме во посета на Босилово од каде што заминуваме во Ново Село. Во средбите што ги направивме со граѓаните од оваа општина, повеќе од очигледно е зошто Зоран Заев бега од соочување на ТВ дуел, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Бега од соочување на ТВ дуел затоа што на земјоделците на кои што им ветуваше подобро и поквалитетно земјоделство денес живеат во беда и во агонија. Ветуваа зелена нафта нема ништо од тоа. Ветуваа сигурен и поголем пласман на земјоделските производи додека изминатава година гледаме дека буквално секоја земјоделска култура од овој регион беше фрлена на буништа, рече Трипуновски и додаде:
„Ветуваа интервентен откуп, ветуваа гарантен фонд, ветуваа обештетување од невремињата кои што го зафатија овој регион, меѓутоа од тоа нема ништо. Зоран Заев бега од соочување затоа што премногу ветуваше, а не исполни ништо. Луѓето се разочарани од тој таков однос. Земјоделците како никогаш досега не биле оставени само да се снаоѓаат и да преживеат во текот на целата година“.
Исто така, подвлече тој, граѓаните негодуваат на штетниот договор кој што го потпиша Зоран Заев.
-Се трошат народни пари за скапи кампањи за нешто што значи промена на името и идентитетот, затоа Зоран Заев бега од соочување на ТВ дуел, затоа што вистината е на наша страна, а вистината него многу ќе го боли. Граѓаните исто така порачуваат дека имаат своја јасна визија како ќе го изразат своето мислење на денот на референдумот. Меѓутоа многу е битно дека Република Македонија треба да се ослободи од стегите кои што ги има Зоран Заев и СДСМ како власт во Република Македонија. Неговото заминување од власт ќе значи подобар живот за земјоделците и за сите оние други структури во Република Македонија, а тоа мора да се случи многу скоро затоа што можеби да биде и предоцна. Штетите ќе бидат преголеми и ќе треба многу подолго време да застанеме на нозе.