ТАЊА ДОСТИНОВА ЧЛЕН НА ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ!

октомври 22, 2020

Тања Достинова:

Почитувани членки на УНИЈАТА НА ЖЕНИ на ВМРО-ДПМНЕ, драги сопартијци,
Извршниот Комитет на Партијата по предлогот на Претседателката на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ госпоѓа Жаклина Пешевска ми укажа чест и должност да бидам дел од новиот состав на Извршниот Комитет на УНИЈАТА.

Најпрвин благодарам за укажаната доверба.
Ми претставува задоволство што мојот труд во претходните мандати се вреднува и добивам нови задачи во време кое е суштинско за државата и нацијата.
Мојата заложба во текот на целата активност е сечиј квалитет да биде препознат и искористен во нашето општество.
Благодарност за досегашната соработка и заедничка борба на сите жени членки на Општински комитет Струмица, на жените од месните комитети, нашите активни поддржувачи.
Пред нас претстојат многу предизвици во кои преку заедничка работа ќе докажеме дека нашата идеја за татковината Македонија е искрена и вистинска љубов кон сопствениот народ.

Да живее Организацијата!
Да живее Република Македонија!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ