СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ: ,,Пратениците со народот”

мај 9, 2021

ВМРО-ДМНЕ СТРУМИЦА:

Информација:
Во текот на минатиов викенд започна посетата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на населените места во регионот под слоганот
,, Пратениците со народот”.

Пратеничките Ели Панова и Јадранка Поцкова ги посетија населените места Банско, Вељуса и Дабиле.
Во текот на посетата пратениците заедно со Претседателот на Општинскиот Комитет Жан Дрвошанов и Секретарот Владимир Ристов, Унијата на Жени Евица Трајанова и УМС со запазување на сите мерки остварија средби на отворено со граѓаните од наведените места.

На средбите граѓаните зборуваат за проблеми предизвикани со катастрофата во земјоделието, запоставена инфраструктура и неостварени ветувања сето потенцирано со отежнувачките околности од здравствена и економска криза.

Пратеничките остварија средби со стотина сограѓани и разговараа со секого поединечно.

Во наредните викенди Пратениците со народот продолжува во регионот и предвидена е посета на Добрејци, Куклиш, Муртино.
Пратеникот Дајанчо Ефтимов за викендот ги посети Иловица, Штука, Моноспитово и Босилово.

Остварени се средби и контакти со граѓаните на кои отворено се разговара за проблемите и очекувањата.

За претстојниот викенд предвидени се посети на Пратеникот Дајанчо Ефтимов на населени места во Василево и Ново село.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ