strumica denes logo

СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОДДРЖА ПРОТЕСТОТ ЗА СЛОБОДА ЗА ОСУДЕНИТЕ ОД 27 АПРИЛ!

Автор:

Датум:

март 21, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

март 21, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Слобода и нов судски процес за осудените од 27-ми април побараа денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од пред штипскиот затвор каде дојдоа да протестираат. Претставниците на ВМРО ДПМНЕ како што ги нарекоа на протестот уставобранителите, кои се осудени со затворски казни за влегувањето и физичките насислства во Собранието на Македонија, наместо во затвор ќе бидат на слобода во судски процес без како што велат политички притисоци.

„Собирот за слобода“ го организираа Патриотскиот институт и Унијата на млади сили на на ВМРО-ДПМНЕ. На протестот пред штипскиот затвор допатуваа поддржувачи на партијата наоружани со партиски обележја од повеќе градови во Македонија.

Протестот го поддржа и струмичкото ВМРО-ДПМНЕ, а претседателот Жан Дрвошанов го објави следново:

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

СЛОБОДА ЗА ЈАНЕ ЧЕНТО, ЧАВКОВ, ЃОШЕВСКИ …

П Р А В Д А З А С И Т Е!
Се собравме пред Штипскиот затвор за да им дадеме поддршка на уставобранителите!
Поддршка на патот кон слобода, правда за секого и иднина за сите во нашата Македонија!