СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПОКАНУВА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ВО САБОТА, ТРГНУВАЊЕ ВО 10:00 ЧАСОТ ПРЕД „ТИНЕКС“

октомври 25, 2019

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ ги поканува струмичките земјоделци на протест во Скопје во сабота кој ќе се одржи пред македонската влада со почетк од 13:00 часот. Тргнувањето од Струмица кон Скопје ќе биде во 10:00 часот пред „Тинекс“.

„Здружени во заедничката мака, доведени до работ на егзистенцијата, но многу повеќе исцрпени и изморени од бројните дадени, но не и реализирани ветувања, македонските земјоделци организирано го креваат својот глас. Земјоделскиот протест ќе се одржи на 26-ти месецов, пред македонската Влада, од каде ултимативно ќе побараме исполнување на низата наши барања, инаку веќе добро познати на власта.

Доколку власта се оглуши на нашите барања и при престојниот протест, подготвени сме да ги радикализираме протестите со масовни блокади низ целата држава, заради што добредојдена ни е сечија поддршка, независно од дејноста со која се занимаваат, или политичката припадност на земјоделците. Се гледаме на 26ти Октомври во 13:00 часот пред Влада на Република Македонија!“ – стои во фејсбук евентот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: