Претседателот на УМС Кржалоски во посета на Босилово, Ново Село и Василево

мај 14, 2018

Под слоганот ,,Мобилизација” деновиве Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ одржува средби со младите во регионот. Претседателот на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски со членовите на извршниот комитет Владимир Ристов, Елена Орцева и Милан Јакшиќ ги посети Босилово, Василево, Ново село, Дојран и Богданци, а средбата во Струмица се најавува за среда.

,,Унијата на млади сили заедно со сите млади во државава кои секојдневно ни се приклучуваат ќе бидат тие кои што ќе ја турнат оваа ненародна и криминална банда која во моментов е власт. Разочарани, излажани од празните ветувања, газење врз сè македонско – сите заедно ќе се спротивставиме на раскрчмувањето на државата. Кога младите ќе кажат доста е – нема назад! Се екипираме и мобилизираме, со полна пареа до конечен пад на оваа ненародна власт.” – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ