strumica denes logo

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ: ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА ТРГОВЦИТЕ И ВЕДНАШ ДА СЕ УТВРДАТ ПРИЧИНИТЕ И ОДГОВОРНОСТА!

Автор:

Датум:

јануари 3, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

јануари 3, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Жaн Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Денешниот светол ден над Трговскиот центар Глобал предупредува што може да направи само еден миг во времето.

Синоќа опожарени беа дуќаните на левата страна од влезот на Пазарот, пожарот зафати дел од внатрешноста на објектот.

Како Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразуваме загриженост за синоќешниот немил настан.

Истовремено будно го следиме развојот на случајот со единствена цел: да бидеме од корист на граѓаните.

Најпрвин, преку нашите Пратеници и Советничката група во Собранието ќе се заложиме да бидат преземени сите можни начини да им се помогне на сопствениците на објектите и оштетените трговци.

Особено ако се знае дека ковид кризата и рецесијата веќе го земаа својот дел во опстојувањето на овие субјекти.

Мора да се има во предвид дека станува збор за Трговски центар во трговскиот центар на југоисточна Македонија.

Понатаму, нашата загриженост бара од надлежните органи да ги утврдат причините и одговорноста за настанатиот инцидент.

Објект граден како јавно-приватно партнерство според европски стандарди и скапа цена за квадрат се очекува да има ефикасен противпожарен систем и обезбедување.

Во последните години имаше поголеми пожари, имаше и опожарени возила на територија на Струмица.

Да се надеваме дека целиот случај е изолиран од шпекулации и дека сомнежите немат место.

Да се разгледа и опременоста и условите на екипата пожарникари, полиција и медицински лица што храбро се заложи да се совлада пожарот.

Ако таква штета може да настане врз симболот на струмичката економија тогаш стравот и коментарите се очекувани.

Граѓаните очекуват одговори од официјалните органи, затоа има маса на луѓе кои од синоќа стојат пред Т. Ц. Глобал.