Поцкова: Во турското маало на дел од Бетовенова веќе трет ден нема вода

јули 4, 2020

Интегрален текст од видео обраќање на кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова

Овде во турското маало на дел од Бетовенова веќе трет ден нема вода.

Нема ниту официјално соопштение за причините, ниту дали се работи на дефектот.

Од коментари на граѓаните се дознава дека ова овој проблем пред избори се актуелизира.

Ваквиот начин на комуникација со луѓето кои мака мачат со проблемот, е омаловажувачки.

Замислете во државата која покажа најголем неуспех во справување со Ковид 19 во светот, постојат делови на градот кои три дена се без вода.

Во јули кога жештините овде се неподносливи.

Нив само им се битни бројките на луѓе кои сметано до изборите ги гледат како гласачи, а потоа како ништо.

И денеска, на овие горештини, се прашувам каде е сега она здружеие што делеше пакети ?

Го повикувам да излезе на прес и да каже за водата, да побара одговор од институциите да праша за состојбата !

Три дена, почитувани сограѓани поминаа, а властите ниту мува не ги лази.

Ваквата состојба ја нема ниту во најотцепените предели низ светот.

Овде во турското маало,
СДСМ ветуваше парк, спортско игралиште дури и музички манифестации, ама дојдовме до таму да прашаме за редовното снабдување со вода за пиење!

Ајде да го промениме ова.

Ајде да ставиме крај на овие работи кои требаше веќе да бидат реализирани.

15-ти јули е денот кога некои проблеми ќе бидат надминати.

Бидејќи ВМРО- ДПМНЕ, сите ветувања ги реализира во дела.

Излези и гласај за број 14! Биди дел од Обновата.

https://www.facebook.com/jadrankapockova/videos/473054190212428/

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ