Младите од Радово сами ги осветлија улиците со импровизација на фенери. Радово веќе неколку дена нема улично осветлување на поголем дел од селото поради неажурноста на локалните власти. Под фенерите е напишано ветувањето за изградба на ново улично осветлување. Со оваа активност младите ја потсетија општинската управа дека ажурното работење создава реални услови за живот и работа.