Вечерва Централниот Комитет на ВМРО- ДПМНЕ го избра Николче Стоилков за кандидат за градоначалник за Општина Ново Село. Николчо Стоилков е роден во 1985, вработен во Царинска управа, М-р на правни науки, оженет и татко на две деца. Во моментов е Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново село.
На својот профил Николче вечерва објави:
„Не постои поголема чест да се добие довербата да се поведе една битка која може да значи почеток на падот на двегодишната тиранија во Република Македонија. Со гордост ја прифаќам номинацијата за кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Ново Село.“