Конкурс за претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ Струмица!

јуни 5, 2018

Извршниот Комитет на УМС подмладокот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ после масовниот антивладин протест одржан во Неделата, објави распишување на Конкурс за избор на претседатели за 76 општински ограноци на подладоко, меѓу кои и општинскиот комитет во Струмица. Досегашниот претседател на Општинскиот Комитет во Струмица Владимир Ристов од април месец е член на Извршниот Комитет на Партијата.

Подготовките за најавеното “жешко лето” како одговор на партијата на потребата од зголемено присуство преку интензивни средби на теренот и изработката на нова програма создават и потреба од регрутирање нов млад потенцијал на партијата. Неодамна беше избран и новиот претседател на УМС Лука Кржаловски кој досега оствари неколку посети на своите комитети во Струмица и регионот и со намера да создаде нова структура, со ангажирани млади луѓе создавајќи нов опозициски фронт на планот на младинската политика. Таквата намера започна со реизбор на нов Извршен комитет и оглас за реизбор на претседатели и членови на комисиите на Унијата. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

,,Почитувани членови на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ,
Драги браќа и сестри.
Претставува чест што работевме заедно и сложно во време кое со своето значење остави белег и ни даде знаење и вредно искуство.
Благодарност на Владимир Нелоски и Претседателот на УМС Лука Кржалоски за довербата и поддршката, им благодарам на претседателите на месните комитети и на секој член за целосната подршка. Благодарност до претседателите на ОК Струмица Пакетов, Манчев и Донев за соработката и поддршката.
Како член на Извршниот комитет Ве повикувам да застанеме заедно зад секој што ќе се кандидира и сите заедно продолжуваме да работиме за секој ден од младоста да биде достоен за славата на ВМРО.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее УМС!
Да живее МАКЕДОНИЈА!” – изјави Владимир Ристов

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ