ИНТЕРВЈУ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС СО ВЛАДИМИР РИСТОВ: ТУКА Е НАШИОТ ДОМ, АКО НЕ СЕ ПОТРУДИМЕ ДА НАПРАВИМЕ НЕШТО ЗА ПОДОБРО УТРЕ, НЕ СМЕ УСПЕАЛЕ ВО НАШАТА РАБОТА!

јули 10, 2020

Интервју на Струмица Денес со Владимир Ристов, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и потпретседател на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Во продолжение проследете го:

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Претставник сте на подмладокот на партијата и еден од најмладите кандидати за пратеници во изборна единица 4. Неоспорен е фактот дека вашата појава на пратеничките листи предизвикува голем интерес меѓу младите гласачи во струмичко. Тие во вас гледаат еден посветен соговорник, личност која е сосема на јасно со проблемите со кои се соочуваат младите во македонското општество, но истовремено и личност која има доволно знаење, енергија и волја да донесе промени. Како се носите со одговорноста да бидете гласот на младите во Собрание?

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Пред се’ за мене е голема чест да бидам дел од пратеничката листа предеводена од ВМРО-ДПМНЕ и му благодарам на претседателот Христијан Мицковски за укажаната можност. Како човек кој секојдневието го поминува опкружен со млади луѓе, запознаен сум со проблемите со кои младите се соочуваат во општеството. Младите имаат свои проблеми, свои потреби, свои идеи и свои стравови. Јас сум еден од нив. Затоа сакам секој млад човек да има можност да се слушне неговиот глас. Ние сме град во кој секој со секого се познава. Сакам да градиме општесто без поделби и со многу работа и труд да станеме младина која е иднината на оваа земја, но среќна, задоволна и исполнета младина. Ова е голем предизвик за мене и со задоволство го прифаќам. Оние кои се наоѓаат на пратеничките листи не се само тие коишто треба да носат одлуки, туку сите заедно носиме промени во општеството.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Член сте на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година. Иако членството Ви започнува во раните средношколски години, тоа членство во ниту еден момент нема да биде пасивно. Професорите, соучениците, сопартијците..во нивните спомени секогаш сте оној активен средношколец кој го крева гласот кога е извршена неправда и кој не се плаши да го каже она што сите други го мислат, но не собираат доволно храброст да ги изнесат своите ставови. После 14 години, Вие уште сте тука – со истиот темперамент, со многу поголемо искуство и со академско знаење стекнато на Правниот факултет во Скопје. Што е она, што постојано Ве движи во битката за македонската кауза?

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Слободата и љубовта кон татковината! Слободата на секој млад човек да го крене гласот против неправдините. Во изминатиот период видовме какви неправдини и беа нанесени на нашата земја. Дојде време да зборуваме за тоа кое е нашето име на татковината, да дискутираме дали сме Македонци или не, да го оспоруваат нашиот македонски јазик, писмо, нација. Сметам дека сега е ред на младите слободно да кажат дека времето за национално понижување помина. Македонците низ историјата се борат за својата слобода, за правото на слободното изразување, за дејствување…живееме во 2020 година, а што е променето кога се работи за слобода?

Исто така во текот на годините растев со идејата дека некогаш ќе имам прилика да придонесам нешто за мојата земја на било кој начин и сега како млад политичар сакам да се посветам на нејзина реализација.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Бевте претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – Струмица, за потоа да бидете избран за потпретседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ на национално ниво. Сметате ли дека извршувањето на овие функции Ви оди во прилог на новата функција за којашто сте кандидиран?

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Вчера локално, денес национално. Секако искуството е многу битна работа. Уште од рани години сум дел од УМС и сум поминал низ многу структури, за денес да бидам дел од Извршниот Комитет на Унијата на Млади Сили на Вмро- Дпмне што претставува и чест и привилегија. Работните обврски се исти, одговорноста е многу поголема. Младите во својот манир не ја преферираат хиерархијата, но сепак за да има квалитетен систем мораме да им даваме предност на оние со поголемо искуство. Секако тука е и лидерството како карактерна и важна особина за секој од нас бидејќи ако немате лидерски способности, нема да можеме да слушнеме што имаат да ни кажат останатите. Лидерите без разлика на професијата, учат од сите !

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Годинава, изборната кампања се одвива поинаку. Како сте задоволен од одзивот на граѓаните? Може ли успешно да се води кампања и истовремено да се почитуваат сите мерки за заштита од ковид-19?

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Ова се денови кога не ни е важен одзивот на граѓаните на настаните кои ги организираме. Најважно е да внимаваме на нашето здравје и на здравјето на луѓето околу нас. Секако оставруваме средби со потесен круг на луѓе за разлика од претходните кампањи и сето тоа се одвива со почитување на сите мерки за заштита од Ковид 19. Изненаден сум од повикот на голем дел од граѓаните за конструктивни разговори, за споделување идеи и пофалба на проектите кои се наоѓаат во програмата – Обнова за Македонија. За жал се поголем е бројот на граѓани кои секојдневно ги среќаваме а не го кријат разочарувањето од досегашната власт на СДСМ и од многуте ветувања кои ги дадоа а не ги исполнија.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што Владимир Ристов може да им вети на струмичани ?

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Јас можам да им ветам на струмичани дека сето тоа кое што е преточено како стратегија во нашата програма „Обнова“ ќе биде реализирано. Таа е шаблонот според кој ќе работиме! Доволно слушавме предизборни ветувања од кои подоцна нема никаков траг. Јас не сум човек кој ветува работи кои подоцна не може да ги оствари. Видовме дека таквите политичари имаат само една цел а тоа е пратеничкото столче. Денеска треба да се сконцентираме на тоа што изминатите години сме го истражувале заедно со експерти од секое поле, од јавното мислење, а која анализа е преточена во делото именувано како „Обнова“. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат многу капитални проекти за Струмица и околината што секако ме радува!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Најбројте 3 капитални проекти кои ВМРО ДПМНЕ ќе ги реализира за младите во струмичко и поради кои струмичани без размислување треба да ја дадат поддршката токму на вашата партија?

ВЛАДИМИР РИСТОВ: ВМРО-ДПМНЕ и пробрамата ,,Обнова” имаа визија за како да го зголемат младинскиот стадандат и да краираат работни места за младите!
Универзитетски кампус, целиот регион може овде да студира. Спортски сали со услови за подобар спортски и рекреативен живот. Превозот на средношколците, бесплатни учебници, компјутер за секое дете, стипендии… Ова се конкретни младински интереси!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: За крај, што ќе им порачате на струмичани?

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Како млад, чесен и скромен човек сакам да им порачам на моите сограѓани да ја препознаат енергијата на луѓето кои се наоѓаат на пратеничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ве уверувам дека таму ќе најдете извонредни луѓе, професори, доктори, луѓе без ниту една дамка позади себе и своето работење. Такви се и идните пратенички од Струмица, Ели Панова и д-р Јадранка Поцкова, тука е и Дајанчо Eфтимов. На Македонија и требаат чесни, посветени и работливи луѓе. Тука е нашиот дом, ако не се потрудиме за направиме нешто за подобро утре, не сме успеале во нашата работа. Затоа млади сакајте ја Македонија и од нас нека започне Обновата !

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ