strumica denes logo

ИК НА УМС ЗА ПРВ ПАТ ОДРЖА СЕДНИЦА ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

август 12, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

август 12, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Извршниот Комитет на УМС ВМРО- ДПМНЕ одржа седница во просториите на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. Вообичаено, седниците на ИК се одржуват во централниот штаб во Скопје, а оваа е ретка седница на ИК која се одржува вон централните партиски простории, прва во овој состав.

Седницата ја водеше Претседателот на УМС Јован Јаулески, а свое обраќање имаше и Генералниот Секретар Горјан Донев. На седницата покрај редовниот полн состав каде од Струмица членови се Владимир Ристов и Елена Орцева, гостин член беше и претседателот на УМС ОК Струмица Христијан Велков.

Со седницата на ИК се исцрпи програмата на летната младинска школа ,,Младите лидери на промените” Младинската школа со богата програма со предавања и други содржини се оджра во Струмица. УМС го реализираше и традиционалниот марш на Беласица во чест на Петте струмички студенти.