ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: ИЗБОРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧАТ ВО СРЕДИНАТА НА ЈУЛИ, НЕ МОЖЕМЕ СЕГА НА ИЗБОРИ ДОДЕКА СЕ БРОЈАТ ЖРТВИ!

мај 9, 2020

Во овој момент има се, само нема контрола врз пандемијата. Не можам јас да зборам за избори кога во моментов сеуште се бројат мртвите од корона вирусот,вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој побара одговорно однесување, бидејќи економијата е застаната и за три месеци владата потрошила 120 милиони евра за корумпирање на изборите кои не се случија.

Бизнисите замираат. Доктори сеуште ни се заразуваат од корона, и причината не е затоа што не ја користат опремата добро, туку затоа што имаат недоволна заштита. Училиштатата не работат, факултетите исто така, а власта сака избори затоа што се надева на корупција на изборите и слаба излезност поради оправданиот страв на граѓаните да гласат поради корона кризата-објасни Мицкоски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ