ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ГО ПОСЕТИ БИГОРСКИОТ МАНАСТИР И ОДРЖА СРЕДБА СО ЕПИСКОП ПАРТЕНИЈ!

април 20, 2021

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

По покана на Епископ г. Партениј, денес ја посетив Свештената Бигорска Обител. Бев пречекан од братството во Бигорски Манастир Св. Јован Крстител во духот на манастирското гостољубие и запознаен со животот и мисијата на манастирот. Во топлата и пријателска атмосфера разговаравме за разни теми што се однесуваат за добросостојбата на Македонија.
Искажав голема благодарност и поддршка за благородната евангелска мисија на Владиката Партениј и на неговото братство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ