strumica denes logo

Ѓорѓиевски: Во Ново Село власта наместо да работи за граѓаните, работи шверц преку граница

Автор:

Датум:

септември 13, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

септември 13, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Овде во Ново Село гледаме што значи кога СДСМ е на власт, многу криминал, корупција и незаконие. Шверцот е нормална работа за оваа криминогена власт, која наместо да работи за граѓаните работи шверц преку граница, изјави Орце Ѓорѓиевски при посетата на тимот од ИК на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Орце Ѓорѓиевски, Цветан Трипуновски и Дајанчо Ефтимов во општина Ново Село.

Тој напомена дека откако СДСМ е на власт за Ново Село нема направено ништо, нема проекти, нема инвестиции.
Земјоделците кои се најбројна категорија се понижени и оставени сами на себе, нема пласман, нема откуп, а кога го има е по очајно ниски цени, што не ја овозможува ниту егзистенцијата на граѓаните, истакна Ѓорѓиевски.


Ѓорѓиевски изјави и дека покрај катастрофата на домашен план власта се соочува со дебакл на меѓународен план, капитулантскиот договор со Грција е пример за штетноста на оваа влада. Договорот е негативен и на целосна штета на државата и граѓаните, токму затоа ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува истиот.