(ФОТОГАЛЕРИЈА) СТРУМИЦА СЕ ПОКАЖА КАКО ОДЛИЧЕН ДОМАЌИН: ВО СЕЛЕКТ ПРОСЛАВЕН 28 РОДЕНДЕН НА УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ!

април 8, 2019

Струмица синоќа се покажа како одличен домаќин! Во Селект Унијата на Млади Сили го прослави 28 роденден по ред. Стотина млади луѓе уживаа во убавата атмосфера која ја приредија момците од ДНК. На роденденот присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на Унијата на Млади Сили Јован Јаулевски, кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Гордана Силјановска-Давкова и претседателот на Унијата на Млади Сили во Струмица Христијан Велков.

„Роденденот на Унијата на Млади Сили, 28ми по ред, го прославивме во дискотеката “Селект” во Струмица. Младите се наша водечка сила, наша надеж и мотивација за среќна и просперитетна Македонија. Тие се нашата иднина! Од срце им посакувам уште многу родендени и успеси“ напиша Силјановска.

Фејсбук статус објави и претседателот на Унијата на Млади Сили Јован Јаулевски.

„УМС, ви благодарам за секој момент поминат заедно. Да продолжиме да бидеме она во што сме најдобри: двигател на општествените промени и чувар на идентитетот и традицијата. Ќе се бориме и ќе победиме, заедно како семејство. Заедно секогаш! Нека е вечна Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, да живее Македонија!“

Во продолжение погледнете ги фотографиите:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

СЛИЧНИ ВЕСТИ