bandr
ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ-СТРУМИЦА, ВО ПОСЕТА НА ДЕЧИЊАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО НОВО СЕЛО!

Денес во претпразнична атмосфера, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-Струмица го посвети на дечињата со посебни потреби во училиштето Свети “Климент Охридски”-Ново Село.  Тие ја проследија нивната претстава и со љубов им поделија скромен подарок за да ја поминат зимата безгрижно и топло и уште еднаш гласно изговорија – „Под оваа поднебје сите сме исти, нивната инклузија во општествените случувања од година во година мораме да се залагаме да биде уште поголема и нивниот глас јасно да се слушне.“