strumica denes logo

(ФОТО) УНИЈА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: ШАХТАТА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ДАДЕ СИГНАЛ ДЕКА ГРАДОТ НЕ Е ПОДГОТВЕН ЗА ЕСЕНСКИТЕ ДОЖДОВИ, НО ИЗГЛЕДА ДЕКА И МОСТОВИТЕ ВО ГРАДОТ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА НЕ СЕ!

Автор:

Датум:

септември 28, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

септември 28, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

УНИЈА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

Откако шахтата на градскиот плоштад во Струмица даде сигнал дека дел од инфраструктурата не е подготвена за есенските дождови, решивме да провериме каква е состојбата со каналите особено околу мостовите во градот и во некои од населените места. За жал состојбата е доказ за запуштеноста за која од порано предупредуваме.

Реално, дел од одговорноста е на сограѓаните кои ѓубрето го фрлат во каналите, веројатно со лажна претпоставка дека водата ќе го реши проблемот.

Локалната власт пак, особено нејзините институции, знаат дека ѓубрето во канали обраснати со трева и грмушки може да придонесе за поголеми проблеми, штети на сограѓаните и на Струмица.

Затоа, уште еднаш апелираме до надлежните да побрзат со подготовките за претстојните сезонски промени.

#ЕвропскаСтрумица